бобо | ср.

Детски израз за зрнеста храна. Мамо, дај ми бобо.

боболка | ж.

Дудинка, бела црница; Morus. Во дворот имавме голема боболка.

боболкница | ж.

Листопадно дрво со сладок плод; дрво на дудинка, бела црница; Morus. Од боболкницата ми падна една гасеница во вратот. Децата сакаа да се качуваат на боболкницата и да зобаат боболки.

боботи | несв.

бовча | ж.

Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл. Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата.

бовчалак | м.

Бовча со подарок што го подготвува невестата за сватовите. Тука зетот го даруваат со бовчалак.

бог | м.

Создател и господар на светот во монотеистичките религии. Имај ум, имај срце, и бог нема да те остави.

богами | мод.

За потсилување на тоа што се кажува. Грмеше, богами, пол саат, прописно. А сега, богами, ни со години нема да ја поправиш положбата.

богат | м.

Богаташ, богаташка. Богатите од плашиците прават мезе со вино, а сиромасите прават коркутка, вкусна густа чорба. Тој се ожени за богата