богомил | м.

Следбеник, припадник на богомилското движење.

богомилски | прид.

Што им припаѓа, што се однесува на богомилите и на богомилството. Богомилско движење.

богомилство | ср.

Христијанско еретичко движење што се појавило во Македонија во 9 век, па се проширило и кај соседните народи.

богомолец | м.

Тој што се моли многу често на бога. Богомолците почнаа да се крстат.

богомолка | ж.

богомолец.

богомолство | ср.

Наклоност, почит кон Бога. Прочистувајќи го Лука од секакво богомолство, Прличко го дава како живо старче, што поминало пеш по целата земја.

Богородица | ж.

вок. Богородице

богородичен | прид.

Што се однесува на Богородица. Богородични пости.

богослов | м.

Специјалист по богословие; теолог.

богословец | м.

Тој што го изучува богословието, ученик во богословија.