богомолка | ж.
богомолец.
богомолство | ср.
Наклоност, почит кон Бога. Прочистувајќи го Лука од секакво богомолство, Прличко го дава како живо старче, што поминало пеш по целата земја.
Богородица | ж.
вок. Богородице
богородичен | прид.
Што се однесува на Богородица. Богородични пости.
богослов | м.
Специјалист по богословие; теолог.
богословец | м.
Тој што го изучува богословието, ученик во богословија.
богословие | ср.
Учење за догмите на дадена религија, верско учење; теологија. Православно богословие.
богословија | ж.
Училиште во кое се изучува богословието, зграда во која е сместено ваквото училиште. Јас знаев само дека богословија значи учење за поп.
богослужба | ж.
Литургија, богослужение, обично во црква. Велигденска богослужба. Вечерна богослужба.
богослужение | ср.
Служба во чест на Бога од страна на свештено лице според одредени црковни канони, обично во црква; литургија. Утринското богослужение заврши.