богохулство | ср.
Хулење на Бога.
богочовек | м.
Човек со божји особини; Исус, синот божји во лик и тело на човек.
Богојавление | ср.
Црковен празник што се слави на 19 јануари; Водици.
богољубен | прид.
Што го љуби Бога, побожен.
богољубец | м.
Што го љуби Бога. Побожен човек, праведник. Легионерите до еден ги испотепале богољупците ни криви ни должни.
богољубив | прид.
Што го љуби, сака Бог; побожен. Богољубивиот народ мирно слушал.
бод 1 | м.
Убод со игла или со друг шилест предмет. Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв.
бод 2 | м.
(спорт.) Поен, единица со која се означува степенот на успешност при натпреварување. Нашата екипа освои два бода.
бодар | прид.
Што е многу витален, исполнет со енергија. Тој беше низок, весел, бодар човек.
боде | несв.
Со шилест предмет пробива нешто. Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките. Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече.