бакариса | св.
Обложи со бакар. Ги бакариса садовите.
бакарисан | глаг. прид.
Што е обложено со бакар. Бакарисани садови.
бакарлија | прид.
Што има боја на бакар, обично за човек, за неговиот темен тен, за бојата на очите и сл. Бакарлија човек. Очи бакарлии.
бакарник | м.
Котел од бакар. Голем бакарник.
бакарџија | м.
Човек што изработува бакарни садови; казанџија, котлар. Бакарџијата е стар занаетчија.
бакелит | м.
Вид пластична маса, вештачка смола што служи за изработка на изолатори, копчиња, кутии и др. Кутија од бакелит.
бакелитен | прид.
Што е направено од бакелит. Бакелитна кутија.
бакенбарди | и.
Брада од двете страни на лицето, додека средниот дел е избричен. Господин со бакенбарди.
бакла 1 | ж.
Градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав; Viciafaba. За готвење се користи недозреаното зрно од зелените мешунки од баклата. Баклата се бере во мај.
бакла 2 | ж.
Мал дрвен сад со рамна површина во кој се става вино или ракија; буклија, матарка. Две бакли вино.