божевен | прид.

Побожен.

божем | чест.

За воведување сомневање во тоа што се тврди, како да било, како да е така. Се преправа, божем ништо не знае. Тогаш наскоро било објавено дека божем Кушо е убиен, а наместо него бил погребан некој друг.

божемен | прид.

Што не е вистински; привиден. Целата куќа се управуваше според божемните наредби на сопругот. Детето мавта со рацете регулирајќи го божемниот сообраќај.

божествен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на божество, што има одлики на божество. Божествена сила.

божество | ср.

Суштество со својства на бог, со натприродни, божествени одлики. Митолошки антички божества. Пагански божества.

Божик | м.

Раѓањето Христово, голем христијански празник

божикен | прид.

Што се однесува на Божик. Божиќна песна. Божиќна литургија. Божикна елка

божилак | м.

Виножито, атмосферска појава по дожд; ѕуница. На небото се појави раскошен божилак.

божица | ж.

Женско божество. Античка божица.