боиште | ср.

Место каде што се бие битка, бојно поле. И даде господ, некако се стиши боиштето.

бок | м.

Страна. Стариот лежеше на бок. Бродот беше свртен на левиот бок.

Бока Которска | ж.

Залив во Црна Гора.

бокал | м.

Сад за вода или вино. Крчмарката стави два бокала со вино пред гостите. Бокалот со вода одеше од рака на рака меѓу жените што ручаа.

боклук | м.

Ѓубре, буниште, отпадоци.

бокс 1 | м.

(само едн.) Борба со тупаници меѓу двајца противници во ринг, со специјални ракавици и со определени правила. Пред војната тој се занимавал со бокс.

бокс 2 | м.

Посебно обработена телешка кожа за обувки. Тој носеше чевли од јак црн бокс.

бокс 3 | м.

Преградено место во некој објект со одредена намена. Гардеробата на железничка станица има многу боксови за багаж. Свињите на фармата се сместени во посебни боксови.

боксер | м.

Спортист што се занимава со бокс.

боксира | несв.