боксит | м.

Руда од која се добива алуминиум.

бокситен | прид.

Што се однесува на боксит Бокситна руда.

боксува | несв.

Се занимава со бокс. Тој боксува веќе десет години.

боктиса | св.

Додее, досади. На сите им боктиса.

болва | ж.

Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните; Pulex iritans

болвосерка | ж.

Трага од болви, на постелнина, на долна облека. Везеното не се познава од болвосерки.

боледува | несв.

Болен е, е во состојба на болест. Девојката боледува од тифус.

боледување | ср.

Отсуство од работа поради болест. Тој е на боледување веќе три недели. Неговите боледувања биле лажни.

болежлив | прид.

болезлив | прид.

Што е често болен. Таа беше сува, жолта, болезлива и нервозна жена.