болничар | м.

Човек што работи околу болните во болница; што се грижи за болен.

болничен | прид.

болнички | прид.

Што се однесува на болница. Болнички мантил. Болничка соба.

Болоња | ж.

Град во Италија.

болска | несв.

За молскавица ‒ молска, сека. На небото болскаа секавици.

болскав | прид.

Сјаен. Болскава месечина.

болскот | м.

Сјај, блесок. Болскотот на кристалите ги заслепуваше.

болскоти | несв.

Силно свети, сјае. Ден снежеше, ден болскотеше скржавото сонце.

болсне | св.

За молскавица ‒ молсне, секне. На небото болсна веда.

болшевизам | м.

Политичко движење во руската социјалдемократија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, и воопшто, обележје на комунистичка партија и именување за целокупната стратегија и тактика на класната борба.