брашненце | ср.
брашнест | прид.
Што е како брашно, што личи на брашно. Брашнест шеќер.
брашник | м.
брашно | ср.
Производ добиен со мелење на житни култури. Пченично брашно. Пченкарно брашно. 'Ржано брашно.
брашноса | св.
Направи нешто да биде прекриено со брашно. Сеејќи го брашното, брашноса сè околу себе.
браќа | м.
Множина од брат.
брбаланка | ж.
брбешка | несв.
Валка, прави да биде нечисто. Децата ги брбешкаат алиштата.
брбешкав | прид.
Што се брбешка, нечист. Тој е секогаш брбешкав.
брбла | несв.
Зборува многу, брбори. Жените на чешма брблаат по цел ден.