брборко | м.

Човек што многу зборува, што брбори. Брборко е тој и знае само да брбори.

брборлив | прид.

Што многу брбори. Брборлив маж. Брборлива жена.

брборливец | м.

Човек што многу зборува, што брбори. Тој е голем брборливец.

брбушка | ж.

Измет од ситен добиток, од зајак, глушец и сл.

брго | прил.

Брго чини абер на пашата. Коњот заоди побргу

бргошен | прид.

Што е од неодамна, скорашен.

брдило | ср.

Дел од разбојот за ткаење каде што се става брдото. Ткајачката со сета сила ги повлече брдилата.

брдо 1 | ср.

Рид, брег. Тврдината беше на врвот на тумбестото брдо.

брдо 2 | ср.

Дел од разбојот за ткаење низ кој се воведува основата. Ова платно се ткае кога во нишките се воведуваат по две, а во брдото по една жица.

бре! | изв.

При обраќање. Синко, зошто, бре синко, куќа затвори?