бревта | несв.

Тешко, напрегнато дише, испуштајќи придушен звук. Човекот бревташе забрзувајќи го одот со последните сили.

брег | м.

Гранична линија меѓу копно и вода, земјата во појасот покрај река, езеро или море. Езерото лесно го заплиснува песочниот брег. Овој мост спои два брега...

Брегалница | ж.

Река во Македонија.

бреговит | прид.

Што има брегови. Бреговити долини.

Брегот на Слоновата Коска | м.

Држава во Африка.

брее | несв.

За елен ‒ рика. Во гората брееше елен самјак.

брез | прид.

Со бела пега на главата, обично за животно. Брезото јаре тргна по детето.

бреза 1 | ж.

Листопадно дрво со бела кора и ситни ливчиња; Betula alba. Околу дворецот имаше липи и бреза.

бреза 2 | ж.

Бела дамка на челото кај некои животни. Кобилата имаше бреза на челото.

брезов | прид.

Што се однесува на бреза, што е од бреза. Брезова шума.