бригаден | прид.
Што се однесува на бригада. Бригаден офицер. Бригаден весник.
бригадир | м.
Командант на бригада. Бригадирот на нашата бригада беше добар човек.
бригадирка | ж.
Лице од женски пол член на бригада; бригадир. Бригадирките пееја една песна одејќи на работа.
Бриж | м.
Град во областа Фландрија, Белгија.
брикет | м.
Гориво добиено со пресување на ситни делови од јаглен, дрво и сл. Тие се греат со брикети.
брикетира | св. и несв.
Произведе, произведува брикети. Тие брикетираа струготини од дрво.
брилира | св. и несв.
Свети, сјае. Кристалот брилира на сончевата светлина.
брилијант | м.
Природен бесценет камен, дијамант, брусен и обработен како накит.
брилијантен | прид.
Што се однесува на брилијант, брилијантски.
брилијантин | м.
Козметичко средство, масло за коса. Косата му беше зачешлана на патец и намачкана со брилијантин.