брои | несв.
Изговара броеви по ред. Тој ги броеше ударите на градскиот часовник. Таа брои до сто.
броило | ср.
Апарат, направа за мерење на потрошена енергија. Броило за електрична енергија.
броител | м.
Горниот број на дропката. Колку пати броителот се содржи во именителот?
брокат | м.
Вид свилена ткаенина со специфично ткаење, проткаена со златни или сребрени нишки. Купивме бел брокат за невестински фустан.
брокатен | прид.
Што е направен од брокат. Брокатен фустан.
брокер | м.
Тој што ги следи движењата на берзата, што тргува со вредносни хартии и посредува во берзанските работи.
бром | м.
Хемиски елемент, неговите соединенија се применуваат во фотографијата и во медицината; симбол Br.
бромен | прид.
Што се однесува на бром, што содржи бром.
бронза | ж.
Легура на бакар, цинк и железо. Бронзата од свешникот на малото масиче светкаше како злато.
бронзен | прид.
Што е од бронза. Бронзен штит. Бронзен сад.