број | м.
Точно определена вкупност на единици во едно количество; множество. Бројот на заболените се намалува. По бројот на снопјето се одредувал данокот за спахијата.
бројач | м.
Лице што брои.
бројка | ж.
Знак за број. Покрај секое име запишуваше бројка.
бројници | ж.
Низа од зрна, најчесто од килибар, наменети за забава или молитва во одделни религии со префрлање на зрната натаму‒наваму. Низ прстите му минуваат дрвени бројници
бројчаник | м.
Плоча со бројки, цифри, на часовник, на телефонски апарат и сл. Врти на телефонскиот бројчаник: 20‒371.
бројчен | прид.
Нешто што се изразува, што се претставува со бројки. Бројчена табела. Бројчена оценка.
броќ | м.
Растение со кое се бојадисува во жолто-црвена боја; Rubia tinctorum L. Пред да бојадисуваме, беревме броќ.
бррр | изв.
Глас што се испушта при ненадејно стресување на телото поради студ или некакво друго чувство што предизвикува потресување на организмот. Ја крена главата, ја стресе и направи брррр.
брст | м.
Гранчиња и шума, лисје/лисја од дрвја за хранење на добитокот; лисник. Во својата собичка донесе само една китка брст, што ја накрши кога се сети за своето срнче.
брсти | несв.
За животно ‒ јаде лисја и млади гранчиња откинувајќи ги од стеблото. Козата брстеше врзана за стеблото со долго јаже.