буба | ж.

Инсект воопшто. И в трева еве малечкава буба / со крилцата плете невидливи ора.

бубалка | ж.

Инсект. Ако нема бубалки, ќе изумрат птиците.

бубамара | ж.

Инсект тврдокрилец со црвена или жолта боја и со црни дамки; Coccinella septempunctata. Лет, лет бубамаро/ донеси ми гости.

бубар | м.

Одгледувач на свилена буба.

бубарство | ср.

Одгледување на свилени буби за добивање на свила.

бубачка | ж.

Бубалка, инсект. Тие го слушаа брмчењето на бубачките.

бубаќерен | прид.

Што е од памук, бубаќ. Бубаќерни чаршафи.

бубин | прид.

Што се однесува, што припаѓа на буба 2; свилена буба. Бубини црви. Бубини пеперуги.

бубнува | несв.

Бацува нежно; дем. од бакне. Едно бакнешче, ѝ вели и ја бубнува во нажубравениот образ.