брчи | несв.

За инсекти ‒ брмчи. Брчеа пчелите околу улиштето.

брчка | ж.

Набор, бразда, нерамнина на кожата предизвикана најчесто од старост. Лицето ѝ беше покриено со мрежичка од неподвижни брчки.

брчка | несв.

Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки. Годините сè повеќе му го брчкаа лицето на старецот.

брчкав | прид.

Што има брчки; набран во вид на брчки, што личи на брчки. Неизбричената брада му падна со брчкавите подгушки на градите.

брчкоса | св.

Направи брчки на лицето; Пашата го брчкоса челото и веѓите се искосија со краиштата нагоре.

брчне | св.

Забрчи малку, кратко. Мува да брчнеше, ќе се слушнеше.

бршлен | м.

Зимзелено растение со долги гранки што се јази по цврста потпора; Hedera hilix. Од предната страна нашата куќа беше обрастена со бршлен.

бршленов | прид.

Што е од бршлен. Бршленов венец.

бу | изв.

Извик со кој се плаши некој. Одеднаш излезе едно дете што се криеше зад дрвото и викна силно бу!

буба | несв.

Учи механички, напамет. По малку делува изгубено, како студент што многу буба.