Букурешт | м.
Главен град на Романија.
була 1 | ж.
Жена во традиционална женска муслиманска облека со зар и фереџе.
була 2 | ж.
Двостран метален печат на документите, повелбите на владарите и црковните поглавари.
була 3 | ж.
Во загуба, во минус, во економска смисла. Отиде во була.
булдог | м.
Раса на куче со куса, сплескана муцка, со силно развиено тело и со куси нозе.
булдожер | м.
Градежна машина. Ниските, трошни куќарки ги уриваа со булдожер.
буле | ср.
Погачка, обично за раздавање за покоен.
булевар | м.
Широка улица со дрворед.
булка | ж.
Вид полско цвеќе, едногодишно растение со големи црвени цветови, див афион; Papaver rhoeas L. Кога се качивме на ридот, пред нас се рашири житно поле со румени булки низ него.
булук | м.
Стадо, крдар, мноштво животни. Горе во тумбата излезе булук брави.