булјон | м.
Супа од месо (обично говедско) или од зеленчук во која непосредно пред служењето се разматува јајце. Жената му донесе шолја булјон.
бум | м.
Настан што оддекнува, за кој се слуша и се зборува, сензационален успех, напредок. Иако не свиреа комерцијална музика, направија бум на рок-сцената.
бум | изв.
За подражавање звук при силен тресок, експлозија, истрел и сл. По десетина минути чув: бум, бум.
бумбар | м.
Инсект од видот на тврдокрилци, со топчесто, влакнесто тело што брмчи при летањето. Одвреме навреме ќе залуташе бумбар или оса или пчела или некој од оние инсекти што упорно и непрестајно брмчат.
бумбарест | прид.
Што има форма, облик на бумбар. Тој беше бумбарест, со бело валчесто лице. Бумбаресто лице.
бумбаров | прид.
Што се однесува на бумбар. Бумбарово брчење. Бумбаров лет.
бумеранг | м.
Вид оружје на австралиските домородци во вид на срп, кое се враќа на местото од каде што е фрлено ако не ја погоди целта. Домородците биле вооружени со копја и дрвени бумеранзи.
бумка | несв.
Удира, треска, предизвикувајќи силен, тап звук. Тапаните бумкаа, зурлите пиштеа.
бумтеж | м.
Силен, тап звук, трескот. Цела ноќ се слушаа бумтежи.
буна | ж.
Бунт. Селанска буна.