Бургас | м.

Пристаништен град во Бугарија.

бургија | ж.

Алатка за дупчење на разновиден материјал; сврдел. Од торбата вади тесла, турпии, бургии.

буре | ср.

Дрвен или метален сад за течности, со два газера. Старецот по цел ден ги миеше дабовите буриња. Носел буриња маслинки по ерменските дуќани.

бурек | м.

Вид ориентална пита. Бурекот беше топол и мирисно чуреше кога под малото виличе корите крцкаво му се двоеја.

бурекчилница | ж.

Дуќан каде што се продава бурек. Од татка си ја наследи онаа бурекчилница сместена во предниот дел на куќата.

бурекчија | м.

Тој што прави бурек. Бурекчиите отвораа први во чаршијата.

бурен | прид.

Раздвижен, зафатен од бура. Бурно море.

буреносен | прид.

Што навестува, што носи бура. Буреносните, темни и парталави облаци го покрија небото.

бурет | м.

Вид ткаенина, најчесто од свила со специфично ткаење. Девојката носеше црвен фустан од бурет.

буржоазија | ж.

Владејачка класа на капиталистичкото општество, сопственик на средствата за производство. Будењето на словенските традиции станува суштествена состојка на мирогледот на младата македонска буржоазија од половината на 19 век. Западноевропски буржоазии.