буржоаски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на буржоазија. Буржоаска класа. Буржоаска револуција.
буржуј | м.
Припадник на буржоаската класа. Тапанџијата стои пред градските големци и новопечени буржуи.
бурило | ср.
Дрвен сад за течности, обично со долгнавест облик, со два газера, погоден за товарање на добиток. Бурилото од сто оки беше полно вино. Празно бурило од масло стоеше во аголот.
буричка | несв.
Меша нешто. Домаќинката го буричка бакрданикот над огнот.
буричканица | ж.
Мешаница, бркотница. Меѓу селаните се направи буричканица.
буричне | св.
Брцне. Трговецот бурична во џебот и извади една рака златници.
Буркина Фасо | ж.
Држава во Африка.
бурлеска | ж.
Литературно-сценски вид кој се одликува со претераност на комичните ефекти. Комичниот репертоар на театарот се движи од бурлеска до карактерна комика.
бурлескен | прид.
Што личи или што е како бурлеска. Таа фантастика е бурлескна, игрива и духовита.
Бурма | ж.
Поранешно име на Мјанмар.