бурма | ж.
Вид прстен, вообичаено златен, венчален или свршенички. Младоженците пред кумот и старосватот разменија златни бурми.
бурмалија | прид.
Прстен во форма на бурма. Прстен бурмалија.
бурмут | м.
Прав од тутун за шмркање. Димитрија застана да шмркне бурмут и пак продолжи по патот.
бурмутица | ж.
Кутивка за бурмут. Стариот кашла, пие јако црно кафе и шмрка бурмут од златна бурмутица.
Бурса | ж.
Приморски град во Турција.
Бурунди | ср.
Држава во Африка.
бурјан | м.
Трајна зелена билка, висока од 1 до 2 метри, со ситни бели цветови и црни бобинки како плод; див бозел; Sambukus ebulus. Седеше во меѓата заграден со боз, бурјан, мирудија, коприви и плет од капини.
бурјаниште | ср.
Земја зарасната во бурјан. Го прегази џадето, го помина и бурјаништето, стаса до беловицата.
бурјаноса | св.
Зарасне во бурјан. Бавчата бурјаносала.
бусија | ж.
Заседа. Комитите фатија бусија зад грмушките.