бут | м.
(анат.) Дел од телото на човекот, од коленото до колковите; бедро. Беше ранет во рамото и во бутовите на двете нозе.
бута | несв.
Турка. Тој го бута од себе детето.
Бутан | м.
Држава во Азија.
бутен | прид.
Што се однесува на бут. Бутна коска.
бутик | м.
Современ дуќан, продавница за облека што се изработува по сопствени модели и во мали серии. Фустанот го купивме во еден бутик на кејот.
бутин | м.
Тесен, долгнавест, дрвен сад за матење матеница. Жените врзуваа на бутините мартинки од смил и матерка.
бутина | ж.
Бедро, колк. До него седеше таа, рацете ѝ беа на бутините.
бутка | ж.
Киоск, трафика. Цигари купи во бутката на аголот.
бутка | несв.
Турка. Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.
бутканица | ж.
Турканица, метеж. За да нема бутканици, ќе нè водат во редици ‒ рече жената.