балирка | ж.
Машина што врзува бали.
балист | м.
Припадник на албанската националистичка организација, албански фашист. Се стоварија илјадници Германци и балисти од Гостивар и Струга.
балистика | ж.
Наука што ги проучува законите за движењето на проектилите. Денес балистиката е многу развиена во САД.
балистичар | м.
Тој што се занимава со балистика. Тој е најдобар балистичар.
балка | ж.
Вид слива. Овоштарникот со балки многу роди.
балкан | м.
Планина. Крвта ја остави на балканите. По балканите тревожни камбани бијат.
Балкан | м.
Балканец | м.
Човек што живее или потекнува од Балканскиот Полуостров.
балканизам | м.
Карактеристична особеност на балканските народи, односно целокупноста на таквите особености. Историјата на балканските народи е именувана како балканизам.
балканизација | ж.
Пренесување обележја, карактеристични за животот, обичаите и јазиците на балканските народи. Да не дозволиме балканизација на Африка!