балега | ж.

Животински измет. Смрди на мувла и балега.

балегар | м.

Вид бумбар, тврдокрилен инсект што живее во балеги; Geotrupes stercorarius.

балерина | ж.

Балетска уметница, балетска танчарка. Живееше со една балерина.

балет | м.

Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти. Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото.

балетан | м.

Балетски уметник, балетски танчар. На сцената излегуваат тројца балетани.

балетанка | ж.

Обувки што ги носат балетските уметници при настап.

балетен | прид.

На подиумот се изведува балетна точка.

Бали | ср.

Остров во Индонезија.

балира | св. и несв.

Врзе, врзува во бали, обично за сено или слама.

балирка | ж.

Машина што врзува бали.