банкет | м.
Свечен ручек или вечера во чест на некого или при некоја прослава. Утревечер прави банкет за синот што му оди војска. Беше приреден банкет за учесниците на симпозиумот.
банкин | прид.
Што припаѓа на банката, што се однесува на банка.
банкина | ж.
Раб што го ограничува патот и служи како заштита на коловозот од одронување.
банкнота | ж.
Книжна пара. На свирачите им лепи банкноти. Најде банкнота од пет илјади денари.
банковен | прид.
Што се однесува на банка. Банковен капитал.
банкократ | м.
Приврзаник на банкократијата.
банкократија | ж.
Владеење на големите парични заводи и на нивните претставници, владеење на големиот капитал.
банкрот | м.
Неспособност за плаќање; материјална пропаст на банка, на фирма. Неговата фирма доживеа банкрот.
банкротира | св. и несв.
Падне, паѓа под банкрот; огласи, огласува дека е неспособен за извршување на своите парични обврски. Банкротира зашто многу го практикуваше барбутот и покерот. По цели дни пиеше и банкротира.
банкротство | ср.
Распаѓање на деловниот систем на банка или на друга стопанска огранизација којашто се нашла во таква ситуација што со својот имот веќе не е во состојба да ги намирува обврските. По банкротството на претпријатието вработените останаа на улица.