бард | м.

Народен поет и пејач кај старите Келти што пеел во придружба на харфа.

бардак | м.

Земјан или бакарен сад со рачка и дулец за вода, вино или за ракија. Го наполни бардакот вода. Му дадоа бардак вино. Одеше со бардак блага ракија.

бардакчија | м.

Тој што прави или што продава бардаци и други земјани садови.

баре | чест.

барел | м.

Мерка за нафта и деривати од нафта, мерка во која се искажува цената на нафтата и според која се продава.

барелјеф | м.

Вајарско дело на камена, на метална или на дрвена подлога, каде што фигурите се со блага издаденост над рамната површина. Барелјефот на Антонијан е изработен на италијански мермер.

барем | чест.

Изразува извесно ограничување. Сакам барем уште еднаш да те видам. Се обиде да присобере барем трошка сила.

Баренцово Море | ср.

Море во Северниот Леден Океан.

баретка | ж.

Тркалезна или аглеста капа без штит. Дојде млада жена со баретка на главата. Луѓето беа со накривени баретки.

барз | прид.

Назив за коза или за овца со бели пруги по главата или по телото.