барабанџија | м.
Тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан. Тој бил царски барабанџија. Седумте барабанџии ги удрија барабаните.
барабар | прил.
Заедно. Тој сака барабар со нас да биде. Дигав вреќи барабар со амалите.
бараж | м.
Брана, пречка, преграда.
баражен | прид.
Топовска стрелба што го спречува приближувањето на непријателот. Се враќаат назад низ баражен оган од двете страни на фронтот.
барака | ж.
Ниска зграда од штици што служи за живеење или привремено сместување. Луѓето живеле во оставените бараки. Работниците се сместени во една барака.
барање | ср.
Документ со кој нешто се бара од надлежен орган, молба, претставка. Пристигнаа многу барања за потрошувачки кредити.
барач | м.
Барател. Наишол еден барач на засолниште.
Барбадос | м.
Островска држава во Карипското Море, Средна Америка.
барбут | м.
Хазардна игра со зарови. Играше барбут и покер.
Баргала | ж.
Древен град во близината на Штип.