баботи | несв.
Силно удира, татни. Дождот баботи по прозорците. Митралезот далеку баботи. Усвитената печка баботи. Огнот баботеше.
бабрее | несв.
бабри | несв.
Се наголемува по обем, нараснува, созрева. Зрната од житото бабрат. Жилите му бабрат.
бабува | несв.
За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката. Сака-нејќе, се нафатила, ќе го бабува ова кучило. Свекрвата ја бабуваше невестата до три дена.
бабуле | ср.
Меур на кожата полн со течност. Имаше мали бабулиња по кожата. Надуено бабуле.
бабулест | прид.
Што има облик на бабуле. Бабулест нос. Бабулесто лице.
бабун 1 | м.
Учесник во Богомилското движење; Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето...
бабун 2 | м.
(зоол.) Вид мајмун, павијан.
Бабуна | ж.
Планина и река во Македонија.
бабунов | прид.
Што се однесува на бабун1, што му припаѓа на бабун1. Во тој крај се најдува и по некој бабунов гроб.