бач | м.

Старешина на бачило, најстар овчар на бачило. Стариот бач ги молзеше овците.

бачевина | ж.

Образувањето бачевина се среќава во Кривопаланечко.

бачилар | м.

Овчар, работник на бачило. Ова се бачиларите, одат на бачило.

бачило | ср.

Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи. Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило. Имал стадо на бачило.

Бачка | ж.

Рамнина меѓу Тиса и Дунав во Војводина.

бачува | несв.

Живее и работи на бачило.

баш | чест.

За истакнување на некој исказ; навистина. Баш ми е мило што се видовме. Баш нема да ве пуштам. Не, напиши, баш сакам да видам.

баш | прил.

Токму на тоа место. Слезе в село, не прашајќи зошто се збираат, и тоа баш во неговото село.

баш- | претс.

Како прв дел од полусложенки со значење ‒ прв, главен, најдобар, најважен; првокласен: башмајстор, башместо, башпријател итн.