башари се | св.
Се излежува, се шири, се расположува. Не ги оставам да ми се башарат туѓи деца на моето огниште.
башибозук | м.
(истор.) Нередовна турска војска; недисциплинирана неуредна војска воопшто; припадник на таква војска. Аскерот и башибозукот го запалија целото село.
башка | прид.
Друг, посебен. Спиеше на башка постела. Тој цел ден во бавчата ти седи... Башка човек!
башка | прил.
Посебно, одделно. Сето тоа ние башка ќе го платиме. Порача по мајстори да направат затворени прегради во тремот за секое од кучињата башка.
башкари се | несв.
Се одмора лежејќи, се излежува. Кој ти дозволил да се башкариш на мојата постела? Со раскопчан мундир, гологлав, со нога преку нога се башкареше средниот начелник.
башмајстор | м.
Најдобар, главен мајстор.
башместо | ср.
Најдобро место. На башместо во рајот ќе те кладат.
башпријател | м.
Најдобар пријател. Ми дојде на гости башпријателот.
баштина | ж.
Целокупното наследство на зачуваното богатство од минатото. Се собира и обогатува културната баштина на минатите генерации.
башчауш | м.
Подофицер во отоманската војска. Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред.