башчорбаџија | м.

Прв чорбаџија.

бај 1 | м.

Чичко. Бај Петре.

бај 2 | изв.

За довикување овци. Бај, ба-ај!

бај 3 | изв.

Поздрав. Бај-бај!

бајалдиса | св.

Снеможе. Кобилата бајалдиса.

бајат | прид.

Што е застојан, стар, што не е свеж (обично за храна). Бајат леб. Бајато пиво. Бајати чоколади. Бајата новост.

бајати | несв.

Расипува. Топлото го бајати млекото.

бајач | м.

Гаталец, вражач, вражалец, тој што бае, гата. Познавам многу бајачки, а знам и еден бајач.

бајка | ж.

Кус расказ исполнет со фантастични случки и со натприродни суштества, приказна, сказна. Раскажува бајка. Класична бајка. Руска бајка.

Бајкал | м.

Езеро во азискиот дел на Русија.