Бајкалско Езеро | ср.
бајонет | м.
Студено оружје, нож со кој се сече и се боде, а може да се стави на цевката од пушката. Прободени и исечени со бајонет. Пушка со бајонет.
бајпас | м.
Пат што овозможува проток на сообраќај во случај кога регуларниот е оневозможен.
бајрак | м.
Знаме. Развиорен бајрак. Црковни бајраци и литии.
бајрактар | м.
Тој што го носи знамето, бајракот, знаменосец (во војска и на свадба). Прв бајрактар да бидам. Бајрактар за на свадба. Бајрактарот оди пред сите.
Бајрам | м.
Муслимански празник. Таа година се погоди Прочка и Бајрам во еден ден.
бајрамува | несв.
Празнува Бајрам. Бајрамува три дена.
бајт | м.
Основна единица за меморија во информатиката. Еден килобајт содржи илјада дваесет и четири бајта.
бајче | ср.
Детски назив за јагне. Бело бајче. Рипкаат бајчиња.
бања | ж.
Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма.