бања | несв.
Капе некого. Ги бањаа малите деца.
бањар | м.
Тој што одржува ред во бањата и ги услужува капачите. Бањарот ги упати гостите во базенот.
бањарка | ж.
(За жена) бањар.
бањач | м.
Капач. Беше прв и последен бањач во реката.
бањачка | ж.
баќушка | м.
Назив за Русите и руските војници. Православниот баќушка нема да позволи војната да трае долго.
баџ | м.
Наплата за премин или превоз преку гранична вода или граница. Митрополитот не подлежи на царски давачки, ни на ѓумрук, ни на баџ, ниту пак на некоја друга такса или пристојба.
баџа 1 | ж.
Оџак, димник. Низ баџата излегуваше густ чад.
баџа 2 | м.
баџак | м.
Бут, бедро.