баџанак | м.
Маж на свеската, роднинска врска помеѓу сопрузите на сестри. Тој му стана баџанак. Со него беа баџанаци.
баџанаков | прид.
Што му припаѓа на баџанакот.
баџин | прид.
Што се однесува на баџа. Баџино вратниче.
бдее | несв.
Не спие, ја поминува ноќта без сон. Во долгите ноќи кога сите спијат, тој бдее. Саноќ бдееше над нејзината постела.
бдение | ср.
Ноќна служба во православната црква спроти големи празници. Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден. Се разретчија некако редовите жени на бдение тргнати.
бденија | ж.
бдејач | м.
Тој што бдее. Тој е оној ноќник, бессоник, бдејач кој го минува светот буден. Тој е бдејач крај самовилските вирови.
бе! 1 | изв.
За истакнување, за нагласување на исказот: бре, море. Мое е бе! А бе, ние така ја тераме. А бе, не разбирам јас, ами и јас деца ранам!
бе! 2 | изв.
За подражавање блеење на овци. Кога се приближуваше до трлото, овците блееја: бе‒е, бе‒е‒е. Овцата фати да блее кога виде дека е врзана, блее зачестено и се потажно, бее, беее.
бебе | ср.
Новороденче, мало дете уште непроодено, доенче.