бежов | прид.
Бледокафеав. Прстите џбараат по камчињата; некои бели, некои шарени, некои бежови.
без | претс.
а) Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто. Јадење без сол. Деца без родителска грижа. Куќа без стопан. Ќе одиме без тебе бидејќи си болен. б) Особина, карактеристика, квалификација. Човек без душа. Жена без морал. Воин без страв. в) Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг. Помина месец без два дена. Часот е десет без една минута. г) Начинско значење. Работевме без волја. Одеше без починка. д) Условно значење. Без ука нема наука. Со такви луѓе тешко се комуницира без трпение. ѓ) Допусно значење. Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови.
без- | претс.
Претставка / префикс за образување на именки и придавки, а поретко на прилози и глаголи, со значење на отсуство, немање, недостиг на нешто што е именувано во основата или лишеност од нешто. Безработица, безумство, безгласен, безводен, безделничи, безбоен, безгласен, безверник, беззаконие. Бездруго ‒ сигурно, секако.
безалкохолен | прид.
Што не содржи алкохол. Безалкохолни пијалаци.
безалтернативен | прид.
Што е без алтернатива, без друга можност. Безалтернативна постапка. Безалтернативно решение. Безалтернативни одговори.
безбеден | прид.
Што е надвор од некаква опасност, сигурен, безопасен. Безбеден живот. Безбедна дистанца. Безбедно место. Безбедни простори.
безбели | мод.
Без сомнение, секако, сигурно. Без божја волја, безбели, ниту се бере, ниту се жние. Безбели, таа повеќе си го сака нејзиното чедо отколку ние.
безбоен | прид.
Што е без боја, необоен; проѕирен. Безбоен отров.Чистата вода за пиење е безбојна. Безбојна стаклена чаша. Безбојно светло.
безбожен | прид.
Што не верува во бога, што го одрекува постоењето на бога и на натприродните сили. Не чувствуваше нетрпеливост против безбожните луѓе.
безбожие | ср.
Отсуство на верата во бога; атеизам. Владееше безбожие. Со години живееше во безбожие и во суеверие