бездеен | прид.

Што е без дејност, што е без активност; неактивен. Бездејниот човек се затвори во себе.

безделен | прид.

Што поминува време во безделие, што не се занимава со ништо. Безделните и богати луѓе пронајдоа нова забава.

безделие | ср.

Отсуство на желба за работење, безделничење.

безделник | м.

Тој што е безделен, што безделничи, што не сака да работи поради мрзливост, што го поминува времето во денгуба. Селската кафеана беше полна со безделници.

безделничи | несв.

Не работи; не сака да работи, денгуби. Градинарот безделничеше во сенките од големите дрвја. По цел ден пиеја и безделничеа.

безделништво | ср.

Состојба на безделник.

бездетен | прид.

Што нема деца; што не може да има свои деца. Бездетен брак. Бездетна вдовица. Бездетно семејство.

бездетка | ж.

Таа што нема дете; што не може да роди, неротка. Несреќна бездетка.

бездејство | ср.

Отсуство на дејство, неактивност. Го напушти своето семејство да седи некаде во темница и во бездејство.Забележа дека книгите го спасувале човека од бездејство.