беззаб | прид.
Што е без заби, што нема заби. Беззабиот старец ги валка залците во устата. Испушта шепот од беззабата уста. Ја гледаше мајка си беззабна, побелена, вудвосана. Беззабни вилици
беззаветен | прид.
Приврзан, верен, пожртвуван. Беззаветна мајка. Беззаветни родители.
беззаконие | ср.
Состојба на непочитување на законите и прописите во една држава, противзаконитост. Владееше варварство и беззаконие.
беззаконик | м.
Тој што не го почитува законот, престапник. Беззакониците приграбија туѓи имоти.
беззаконски | прид.
Што се однесува на беззаконие, незаконит. Беззаконска постапка. Беззаконски работни односи.
беззаконствува | несв.
Постапува бесправно, противправно, дејствува незаконски. Некои беззаконствуваа и не одговараа за своите недела.
беззаштитен | прид.
Што е без заштита, беспомошен, незаштитен. Беззаштитна жена. Им се одмаздуваа на беззаштитните селани.
безземјаш | м.
Тој што нема своја земја, што не е сопственик на земја. Многу безземјаши работеа по имотите на наемодавците.
безземјен | прид.
Што нема своја земја, што е без земја. Сиромашните безземјени луѓе беа принудени да работат за многу ниски надници.
беззимен | прид.
Што е без зима, што е со блага зима. Некои делови од Земјата се беззимни. Беззимна година.