безлобен | прид.

Што е без злоба, незлоблив, добродушен. Безлобен поглед. Безлобна душа.

безмеѓен | прид.

Што е без меѓа, што не е омеѓен; што е без граници, неограничен. Безмеѓно поле. Безмеѓни ниви.

безмерен | прид.

Што не може да се измери, неизмерен, премногу голем, пресилен; што се пројавува во највисок степен. Безмерна широчина. Безмерни пространства. Безмерен копнеж. Безмерна љубов. Безмерно богатство. Безмерни маки.

безмесен | прид.

Што е без месо, што не содржи месо; вегетаријански. Безмесен ручек. Безмесна исхрана.

безметежен | прид.

Што е без метеж, тивок, спокоен. Безметежна улица.Тивки, безметежни утра. Безметежен живот.

безмилосен | прид.

Што е без милост, немилостив, бездушен, немилосрден. Суров, безмилосен убиец. Безмилосна борба. Безмилосни закони.

безмирисен | прид.

Што е без некаков мирис. Безмирисен воздух. Безмирисна течност.

безмлечен | прид.

Што е без млеко, што не содржи млеко; што нема млеко, што не дава млеко. Безмлечен сладолед. Безмлечна крава.

безнадежен | прид.

Што е без надеж, очаен. Безнадежен плач. Безнадежно довикување.

безнадежник | м.

Тој што е без секаква надеж, очајник. Безнадежник на смртна постела.