белило | ср.

Козметичко средство за белење лице. Таа ставаше многу белило на лицето. Тој купи турско белило.

белина | ж.

Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина.

белица | ж.

Име за бела овца, коза.

белич | м.

Прекар за изразито бел човек.

белка | ж.

Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето. Таа измати белки со шеќер.

белканто | ср.

Италијански начин на оперско пеење што ја истакнува убавината на гласот и вокалната техника.

белки | мод.

Изразува можност, веројатност, претпоставка, надеж. Белки гревот ќе ми се намали. Има надеж, белки ќе си најде чаре. Не знам, белки нешто ќе измисли. Белки не мислиш да ја преспиеш целата претстава!

белковина | ж.

белковини и Природно соединение што содржи јаглерод, кислород, азот и водород, составен дел од ткивата на живите организми.

Белмопан | м.

Главен град на Белиз.