белне се | св.

Се појави нешто бело, се забелее. Се белна нешто низ густите гранки. Во темнината се белна нејзината шамија. Главата се белна на слабата виделина. Се белнаа два реда ситни заби.

белоборка | ж.

Бел бор; Pinus silvestris.

белобоска | ж.

Крава со бело виме.

белобрад | прид.

Што има бела, побелена брада. Белобрад старец. Белобради свештеници.

белобрадец | м.

Тој што е белобрад. Со децата одеше стар белобрадец.

беловина | ж.

Средишниот дел од дрвото, делот меѓу кората и срцевината.

беловица | ж.

Вид слива и цреша што е со белузлава боја на плодот; Prunus domestica.

белогазец | м.

Тој што е со бел газ, со бели бедра.

белогардеец | м.

Припадник на контрареволуционерната војска во Октомвриската револуција во Русија или на „белата гарда“ во Словенија за време на Народноослободителната борба.