бели | несв.

Прави нешто да стане бело. Билјана платно белеше на Охридските извори. Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства.

Белиз | м.

Островска држава во Атлантскиот Океан, Средна Америка.

беликав | прид.

Беликав чад. Беликава фонтана. Беликави мразулци. Беликави камења.

белило | ср.

Козметичко средство за белење лице. Таа ставаше многу белило на лицето. Тој купи турско белило.

белина | ж.

Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина.

белица | ж.

Име за бела овца, коза.

белич | м.

Прекар за изразито бел човек.

белка | ж.

Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето. Таа измати белки со шеќер.

белканто | ср.

Италијански начин на оперско пеење што ја истакнува убавината на гласот и вокалната техника.