белокос | прид.

Што има бела, побелена, седа коса. Белокос старец.

белокрил | прид.

Што има бели крилја. Белокрил галеб. Белокрила птица. Гинат белокрили јата.

белокрилка | ж.

Штетник кај растенијата кој има жолто тело со два пара свилести, бели крилца, покриени со бел восочен налеп; Trialeurodes vaporariorum westv.

белолик | прид.

Што има бело лице, што е со изразито бела боја на лицето. Тој беше висок и белолик, а таа црномуреста. Белоликата, витка селанка ја симна шамијата.

беломешест | прид.

Што има бело меше, што е со бел стомак.

белоног | прид.

Што има бели нозе (најчесто за коњ). Белоног коњ.

белоперка | ж.

Слатководна риба со сребренест мев, а со црвени перки; Leuciskus rutilus.

белорун | прид.

Што има бело руно. Белоруна овца.