белоцветен | прид.
Што има бел цвет. Белоцветен багрем. Белоцветна овошка. Белоцветно растение.
белтак | м.
белузлав | прид.
Што во мала мера го изразува својството на бел. Белузлав фустан. Белузлава магла. Белузлави облачиња.
белутрак | м.
Вид тврд камен со зрнест состав и со бела боја; кварц, кремен. Потковиците удираа на белутракот и искри летаа во мракот. Реката се гребеше од крупните белутраци.
белучка | ж.
белушина | ж.
Вид глинено-варовита земја. Над куќата имаше белушина, а во шумата црвеница.
белушка | ж.
Белфаст | м.
Главен град на Северна Ирска.
белчо | м.
Име за сосем рус човек.
Бенгази | ср.
Град во Либија.