бербат | прид.
Нечист, валкан (само во изрази).
бербатен | прид.
Нечист, валкан. Со бербатни прсти мешаше во ваганот. Старецот тешко ги креваше нозете по бербатното сокаче.
бербер | м.
Лице што се занимава со бричење и потстрижување на лица од машки пол. Најстариот син беше бербер по занает. Болнички бербер.
берберин | м.
берберка | ж.
Жена на бербер.
берберлак | м.
берберница | ж.
Просторија во која се врши берберскиот занает, берберски дуќан. Пред да се отвори најстарата берберница, берберската работа се вршела на сокак. Старците се збираа во берберницата. Навечер берберницата живнуваше.
берберство | ср.
Берберски занает.
берберува | несв.
Врши берберска работа, е бербер. Томе сè уште дома берберува. Некогаш во маалото берберуваа три бербери.
бердана | ж.
Пушка од втората половина на 19 век