бере | несв.
Собира плодови, растенија или делови од нив (со кинење, со тресење, со корнење и сл.). Селаните ги берат јаболката. Децата скришум береа цреши. Од големата круша беревме многу круши. Нема лозје што не го копал или брал.
берза | ж.
Институција за организиран промет на хартии од вредност (акции и обврзници), пари и други услуги, според определени правила, обично преку посредници.
берзијанец | ж.
Тој што работи во берза, член на берза.
берибери | и.
Заболување како последица од недостаток на витаминот Б1 во исхраната на човекот, вид авитаминоза.
Берингов Проток | м.
Проток меѓу северноамериканскиот и азискиот континент.
бериќет | м.
Род, плод, благодат. Ако не фати суша и град, ќе има бериќет. Земјата раѓаше бериќет. Селаните го собраа бериќетот од нивите.
бериќетен | прид.
Многу плоден, плодороден. Бериќетна година. Бериќетно лето.
Берлин | м.
Главен град на Германија.
бермуди | и.
Летни, лесни панталони од шарен материјал што имаат ногавици до колена.
Бермуди | и.