беспредел | м.

Бескрајност, безграничност. Барам шир што се вика беспредел.

беспределен | прид.

Што е бескраен, безграничен. Беспределен спокој. Беспределна тишина.

беспредметен | прид.

Што е без основа, значење, важност, што нема причина да се појави; неумесен. Беспредметно барање. Беспредметно прашање.

беспрекорен | прид.

Што е без недостаток, на кој не може нешто да му се забележи; совршен. Беспрекорен син. Беспрекорна девојка. Беспрекорен расказ.

беспризорен | прид.

Што е без родители и без дом, препуштено на улицата, без грижа на општеството. Беспризорно дете.

беспримерен | прид.

Што нема рамен на себе, единствен, исклучителен. Беспримерен херои Беспримерна заштита. Беспримерно дело.

беспринципен | прид.

Што е без принцип, непринципиелен, недоследен. Беспринципен човек.

беспристрастен | прид.

Што е непристрастен, заснован на објективни факти. Беспристрастен коментар. Беспристрасна награда.

беспричински | прид.

Што е без причина, неоправдан, неоснован. Беспричински страв. Беспричинска нетрпеливост.

бесрамен | прид.

Што е без срам, што нема чувство на срам. Бесрамна жена. Бесрамен пијаница. Бесрамна постапка