бестија | ж.

Животно, ѕвер. Дива бестија. Стара бестија.

бестијален | прид.

Животински, ѕверски; суров, дивјачки. Бестијален напад. Бестијална страст.

бестрага | прил.

Непознато каде, во неврат. Одовде е посигурно, но бестрага е далеку. Како стрела згина писарот бестрага.

бестрастен | прид.

Што е без страст. Бестрастен бакнеж. Бестрасна љубов.

бестрашен | прид.

Што нема страв, храбар. Бестрашен војник. Бестрашна борба. Бестрашни луѓе.

бестрашие | ср.

Бестрашност, храброст.

бестрашник | м.

Тој што е бестрашен, јунак.

бестревен | прид.

Што е без трева, на кој нема или не расте трева. Бестревна долина. Бестревни терени.

бестрепетен | прид.

Што не трепети. Бестрепетна месечина.

бестселер | м.

бестселери Книга што во одреден временски период била продадена во најголем број примероци, најдобро продавано дело. Македонски бестселер. Книгата стана бестселер кај читателите на тој жанр.