бестијален | прид.
Животински, ѕверски; суров, дивјачки. Бестијален напад. Бестијална страст.
бестрага | прил.
Непознато каде, во неврат. Одовде е посигурно, но бестрага е далеку. Како стрела згина писарот бестрага.
бестрастен | прид.
Што е без страст. Бестрастен бакнеж. Бестрасна љубов.
бестрашен | прид.
Што нема страв, храбар. Бестрашен војник. Бестрашна борба. Бестрашни луѓе.
бестрашие | ср.
Бестрашност, храброст.
бестрашник | м.
Тој што е бестрашен, јунак.
бестревен | прид.
Што е без трева, на кој нема или не расте трева. Бестревна долина. Бестревни терени.
бестрепетен | прид.
Што не трепети. Бестрепетна месечина.
бестселер | м.
бестселери Книга што во одреден временски период била продадена во најголем број примероци, најдобро продавано дело. Македонски бестселер. Книгата стана бестселер кај читателите на тој жанр.
бесформен | прид.
Што нема определена форма; безобличен. Бесформен куп. Ги растура стапалките во бесформена ровкост.