волнен | прид.
Што е од или со волна. Волнен шал. Волнена перница. Волнено палто. Волнени чорапи.
волнест | прид.
Што личи на волна. Помеѓу папките има заштитна волнеста материја. Врвот на младиот ластар е малку волнест. Ги подигна волнестите веѓи.
волница | ж.
Дем. од волна. Тенка волница.
волов | прид.
Што му припаѓа на вол. Волова кожа. Волов рог.
воловар | м.
Тој што чува или пасе волови. Воловарите ги потераа воловите на пасење.
воловарник | м.
Место, штала каде што се чуваат волови. Го чистеше воловарникот.
Волови | и.
Народен назив за соѕвездието Бик.
волонтер | м.
Лице што работи доброволно или бесплатно заради лично усовршување. Тој е волонтер во една хуманитарна организација. Таа е волонтер во општината.
волт | м.
Единица за мерење електричен напон.
волтметар | м.
Инструмент за мерење на електричниот напон.